The Great Beauty by Jovana Filipovic

Што да ви кажам за Јована Филиповиќ што веќе не сум ви кажала?

Си ја знам од основно, си ја сакам најмногу на свет и од прва рака можам да ви потврдам дека внесува буквално сè од себе во облеката што ја изработува.

Jovana Zuka x Jovana Filipovic x Fashion Weekend Skopje

Jovana Zuka x Jovana Filipovic x Fashion Weekend Skopje

Jovana Zuka x Jovana Filipovic x Fashion Weekend Skopje

Парчињата кои ја составуваат колекцијата The Great Beauty имав шанса да ги видам и пред ревијата. Mатеријалите и деталите се неверојатно добри, можностите за комбинирање бесконечни, и апсолутно морате да ги допрете и пробате работите за да го доживеете целиот нивен потенцијал.

И не! Парчињата од македонски дизајнери не се резервирани само за свеченоста позната како свадба. Колекцијата на Јована изобилува со фантастични палта, елеци, бомбер јакни, панталони, сукњи, кошули и ролки кои се и повеќе од соодветни за секојдневно и постојано носење.

Jovana Zuka x Jovana Filipovic x Fashion Weekend Skopje

jovana-zuka-x-jovana-filipovic-x-fashion-weekend-skopje-11

Генеричките парчиња од high-street брендови во никој случај не можат да се споредат со облека изработена со љубов и по мерка, а бесцелното претрупување на гардеробата со работи чиј рок на траење е правопропорционален со цената во никој случај не може да се спореди со инвестирањето во фини дизајнерски парчиња.

Во време кога сè е општа копија на копија и модифициран тренд во подостапна варијанта, ЈФ уште еднаш ни потврди дека големата убавина се состои во бирањето на квалитет наспроти квантитет, во уживањето во помалку, но подобро и во штедењето за нешто што е едно, ама дефинитивно вредно.

Jovana Zuka x Jovana Filipovic x Fashion Weekend Skopje

Jovana Zuka x Jovana Filipovic x Fashion Weekend Skopje

Jovana Zuka x Jovana Filipovic x Fashion Weekend Skopje