6 MACEDONIAN MODELS FOR MARKOV

 
Katarina Ivanovska for Markov by Jovana Zuka
 
Katarina Ivanovska for Markov by Jovana Zuka
 
Katarina Ivanovska for Markov by Jovana Zuka

КАТАРИНА

 
 
Mia for Markov by Jovana Zuka
 
Mia for Markov by Jovana Zuka
 
Mia for Markov by Jovana Zuka

МИА

 
 
Maja Sashek for Markov by Jovana Zuka
 
Maja Sashek for Markov by Jovana Zuka
 
Maja Sashek for Markov by Jovana Zuka
 
Maja Sashek for Markov by Jovana Zuka

МАЈА

 
 
Sani for Markov by Jovana Zuka
 
Sani for Markov by Jovana Zuka
 
Sani for Markov by Jovana Zuka

САНИ

 
 
Gorjana for Markov by Jovana Zuka
 
Gorjana for Markov by Jovana Zuka
 
Gorjana for Markov by Jovana Zuka
 
Gorjana for Markov by Jovana Zuka

ГОРЈАНА

 
 
Nadica for Markov by Jovana Zuka
 
Nadica for Markov by Jovana Zuka
 
Nadica for Markov by Jovana Zuka

НАДИЦА


Овие шест истакнати македонски модели од различни генерации се дел од кампањата за последната колекција на Марков.

Кампањата, чиј креативен концепт е резултат на колаборација со Марков, ја претставува гламурозноста на жената во секоја етапа од животот.

Манекенки во различни фази од своите животи, дел со веќе импресивни, долгогодишни кариери, но и свежи лица чие време допрва доаѓа, се фотографирани во маркантни изданија на впечатливи скопски локации препознатливи по својата бруталистичка, модерна архитектура.

На кампањата се работеше во периодот од февруари до мај, на шест засебни фотосесии.

Шесте ѕвезди на оваа кампања се Надица Георгиева, фотографирана во долга вечерна тоалета инспирирана од операта, Катарина Ивановска, во сензуален, но истовремено и силен црн комплет инспириран од мистериозна птица, Сани Богдановска во строго пругасто троделно одело чија главна референца е моќниот машки бизнис-костим, Маја Сашек во женствен бохо фустан со мотив на магнолии, како и младите модели Горјана Кулишевска во авангарден комбинезон дизајниран по мондријански принцип на врамени обоени полиња, и Миа Симоновска во сензуална интерпретација на женски “power-suit.”

Шесте Марков жени со својата специфична убавина, животна приказна, карактер и појава, и кампањата која ги обединува, целат кон тоа да покажат дека гламурот и стилот не се резервирани само за одредени жени во одредена старосна граница, туку за жени од сите генерации кои бестрашно носат смели парчиња облека.

ФОТОГРАФИЈА // ЈОВАНА ЗУКА
КРЕАТИВНА ДИРЕКЦИЈА // МАРКОВ И ЈОВАНА ЗУКА