Alekk Potter by Jovana Zuka for After Two Five

Alekk Potter by Jovana Zuka for After Two Five
Желбата за фотографирање на одредени ликови не доаѓа после денови и денови поминати во размислување. Не е предодредена и не е проследена со долгорочно планирање. Се јавува во одреден момент и останува сè додека во 5 минути не се договори датумот и локацијата каде што недефинираната замисла ќе се претвори во дефинирани и многу реални RAW фајлови. А особено се засилува кога се работи за фотографирање на девојка која во најкраток рок се трансформира од нежна бринета во вамп-црвенокоса во неконвенционална пламен-црвеножолтокоса чија фотогеничност е исто толку изразена колку и дијагоналните рабови на фризурата.

Плус, девојката е блогерка за убавина. Плус шминкер. Плус изгледа и се движи како модел. Плус ракува со фото-апарати, светла и програми за едитирање на видеа со истата прецизност со која нанесува туш на очи. И најголем плус, сама создава содржина за која вообичаено е потребна мала армија на умешни луѓе.

Тип на личност за обожавање. Alekk Potter. Александра Азманова.

 

 

Alekk Potter by Jovana Zuka for After Two Five

Alekk Potter by Jovana Zuka for After Two Five

 

Сликањето го договоривме за петок во 17:30. Во 17:03 почнува да истура од врнење. Откажуваме? Во никој случај. Во два часа правиме портрети кои морав да ги излистам минимум билион пати за да изберам со кои ќе направам приказна за моќта на трансформацијата, за важноста да се биде храбар кога е во прашање личниот изглед, и за влијанието кое надворешноста го има врз внатрешните суштествени морално-психички и интелектуални особини познати како карактер.

 

Alekk Potter by Jovana Zuka for After Two Five

Alekk Potter by Jovana Zuka for After Two Five

Alekk Potter by Jovana Zuka for After Two Five

Алек носи Calliope елек, MARKOV сако, Oasap кимоно, H&M обетки.
Фотографија и стајлинг: Јована Зука.