BEAUTY

BEAUTY ROUTINE 4

BEAUTY ROUTINE 3
 
Од производи за нега и убавина, ова се моите омилени во моментов:

Niacinamide 10% + Zinc 1% и Advanced Retinoid 2% од The Ordinary
Ги нарачувам од ASOS, тука и тука. Ќе ви стигнат без проблем, освен што можеби кутијата ќе ви биде отворена од некој во пошта бидејќи изгледаат како тешки хемии 😇. Ова се евтини, а прилично интересни серуми кои можете да ги комбинирате во зависност од вашиот тип на кожа.

Bare Origin Pure Rose Toner
Подарок од Нена Стојова, девојка од Македонија која стои зад овој фантастичен бренд за природна козметика. Тоников е кул производ на прскање кој освежува, смирува и прави супер база за остатокот од негата за убавина.

Kiehl’s Rare Earth Pore Cleansing Masque
Сѐ што имам пробано од Kiehl’s досега е фантастично… Океј, речиси сѐ [Midnight Recovery Concentrate не направи апсолутно ништо за мене и покрај тоа што има милион предобри рецензии на Интернет]. Производите на Kiehl’s ги има во Солун, а маскава конкретно е купена во Attica.

NYX Total Control Drop Foundation
Иако обожавам шминка во едиториали, во реалниот свет секогаш подобро изгледа природниот, свеж изглед. Но, секако, пудра is a must, а оваа е лудило и дава можност да се контролира степенот на покривност. Производите на NYX се достапни во Александар Козметикс во Капиштец.

Jo Malone London Dark Amber & Ginger Lily Body Crème
Jo Malone е искуство исто толку колку што е козметика, поради тоа што не само што негува, туку создава чувство на луксуз. Иако кремата за тело не мора да биде скапа за да биде добра, оваа мириса неверојатно и е толку богата што многу малку трае многу долго. И плус, пакувањето е минимал елеганција like no other… совршено. Производиве исто така ги има во Attica во Солун.

Dr. Hauschka Rose Day Cream Light
После долго барање, си ја најдов кремата за лице која нема да престанам да ја купувам! Ова е совршенство и достапно е кај нас. Инфо, тука.

La Roche-Posay Anthelios XL SPF 50+ Dry Touch Gel Cream ANTI-SHINE
Единствената крема за лице со заштитен фактор која ми ја остава кожата нормална и без ужасен сјај. Купена од Зегин.

Lancôme TRÉSOR Eau de Parfum
Омилен во моментов, подарок од Elixir Exclusive парфимерии.
 
Како изгледа вашата рутина за убавина? Препорачајте нешто од што сте најзадоволни!
 
🖤🖤🖤

  • Јелена Никодиноска

    Дневна крема Nuxe Paris (Crème fraîche de beauté)
    Крема за раце L’Occitane Shea Butter Hand Cream
    И за мене незаменливиот Light Blue od D&G

    Btw, супер пост!

    • http://www.aftertwofive.com/ Jovana Zuka

      Light Blue и кремите за раце на L’Occitane ми се класика, а кремава на Nuxe дефинитивно ќе биде пробана! Tnx :) :*