CALVIN KLEIN OBSESSED

Не постојат фотографии со повеќе емоција и нема кампања која е побезвременска од таа за CALVIN KLEIN OBSESSION од 1993 година, која дваесетгодишниот фотограф Mario Sorrenti ја создава со неговата осумнаесетгодишна девојка Kate Moss.

Со таа кампања сум опседната откако знам за себе, не само поради совршената естетика, туку и поради интимноста и сензуалноста која се провлекува низ секој кадар и низ секоја фотографија. Идејата дека е создадена од еден пар, испратен некаде на плажа, сам со себе, без продукциски тим, без шминкери, без фризери, без никакви дополнителни ресурси е за мене најдобар пример за тоа каква магија може да создаде поврзаноста и љубовта меѓу двајца луѓе во даден момент од историјата.

Obsessed by Calvin Klein | The New Fragrance

Кога видов дека првиот парфем на CALVIN KLEIN лансиран под креативната дирекција на Raf Simons се вика OBSESSED и дека кампањата за него содржи досега необјавени фотографии од кампањата за OBSESSION од 1993 година, знаев дека се работи за парфем кој морам да го имам.

Суптилно сензуален како и фотографиите од Kate Moss, OBSESSED е истовремено и дискретен и провокативен, и нежен и силен. Совршено избалансираните женствени и мажествени ноти му даваат и префинетост и моќ, и поврзаност и посебност.

OBSESSED мириса на црно-бели фотографии, на сонце, на чиста постелнина, на безвременска бела кошула, на совршено скроено сако, на слобода, на лелеавост, но и на среденост, на отворени пространства, но и на дома. OBSESSED е доказ за тоа дека најубавите работи се и наједноставни, и дека најдобрите нешта во животот секогаш почнуваат од длабока, искрена емоција.

Obsessed by Calvin Klein | The New Fragrance

Obsessed by Calvin Klein | The New Fragrance

Obsessed by Calvin Klein | The New Fragrance

Obsessed by Calvin Klein | The New Fragrance

Obsessed by Calvin Klein | The New Fragrance

CALVIN KLEIN OBSESSED Е ДОСТАПЕН ТУКА И ВО ПАРФИМЕРИИТЕ НА ЕЛИКСИР ЕКСКЛУЗИВ

ФОТОГРАФИИ // АНДРЕЈ МИЦАЈКОВ И ЈОВАНА ЗУКА
ОБЛЕКА // MASSIMO DUTTI ФАРМЕРКИ, ЈОВАНА ФИЛИПОВИЌ САКО, ZARA МАШКА КОШУЛА
ВО СОРАБОТКА СО // ЕЛИКСИР ЕКСКЛУЗИВ ПАРФИМЕРИИ