Со Цаци се запознав пред некоја година, кога ме покани на гости во „Стилисимо“ и го означи моето прво појавување на ТВ. Тој ден снимавме во нејзиниот бутик „Зап Милано“, кој постојано го освежува овој [честопати] модно-неинспиративен град со внимателно одбрана облека.

Работата на Цаци ја следам со години, затоа е што човек со интензивна и единствена лична естетика која се протега во сè околу неа. Без разлика дали се работи за лично стилизирање, стилизирањето на нашата најмаркантна јавна личност Каролина, ентериерот и енергијата на „Зап Милано“, темите обработени во „Стилисимо“, а сега и за дизајнирањето на чевли за MARWELL, препознатливоста на Цаци е секогаш, стопроцентно присутна. А да бидеш препознатлив е најважниот квалитет во модната индустрија.

Со оглед на тоа што за фотографирање зборувавме доста долго, колекцијата на чевли на Цаци беше одличен изговор за остварување на тој моден план, и совршена прилика да ѝ преземам една од улогите и да ѝ поставам неколку прашања.

Caci Pakovska | Marwell.mk Shoe Collection

 

ЗА ДЕЈНОСТА КОЈА НАЈМНОГУ ЈА ИСПОЛНУВА…

Во изминатите години, сè што работев на некој начин беше поврзано со дизајнот и естетиката, без разлика дали стануваше збор за мојата емисија „Стилисимо“, стилизирање на Каролина, креирање на колекција или внатрешно уредување на некој дом. Навистина уживам во сè она што го работам, и наоѓам заеднички именител во сите дејности. Модата и архитектурата отсекогаш биле моја љубов и среќна сум што истовремено работам многу нешта што ме исполнуваат.

 

Caci Pakovska | Marwell.mk Shoe Collection

 

ЗА КОЛЕКЦИЈАТА…

Јас како и многу жени сум вљубена во чевлите, и сакав да направам колекција која првенствено мене ќе ми се допаѓа, нешто што јас би сакала да имам во мојот плакар. Морам да признаам дека материјалите кои ми беа ставени на располагање беа појдовна точка за мене. Од самите дезени и бои на кожа, одлучував која за кој модел најдобро би прилегала, првенствено во однос на комфорот, а потоа се разбира и во однос на дизајнот. Затоа што чевлите мораат да бидат удобни, инаку не би ги носеле. Генерално се работи за базични модели на балетанки, салонки, сандали и патики, но со добро осмислена комбинација на материјали и детали. Особено внимание посветував на деталите, за кои сметам дека ќе ја направат оваа колекција посебна. На крајот добивме живописна колекција која изгледа модерно, интересно, но во истовреме е со врвен квалитет и удобност. Се надевам дека чевлите ги поседуваат трите најважни карактеристики, дизајн, удобност и квалитет. Навистина сум горда на нашиот домашен македонски производ.

 

Caci Pakovska | Marwell.mk Shoe Collection

 

ЗА ОМИЛЕНИОТ ПАР ЧЕВЛИ ОД КОЛЕКЦИЈАТА…

Ниските салонки испреплетени со петролеј пантлики, како и балетанките со машни и врвци. Кога подобро ќе размислам, сите модели од колекцијата ми се омилени и веќе се паркирани во мојот плакар.

 

Caci Pakovska | Marwell.mk Shoe Collection

 

КОГО БИ СТИЛИЗИРАЛА…

Секако би одбрала помлада девојка, еве на пример Kendall Jenner или Rihanna. Не дека не би сакала да работам со возрасни жени, но многу е тешко да се обидуваш да промениш нечиј стил, доколку самата жена не знае тоа да го носи. Карактерот и стилот на една жена мораат да бидат комплементарни.

 

Caci Pakovska | Marwell.mk Shoe Collection

 

ЗА МОМЕНТИТЕ КОГА НЕ ЗНАЕ ШТО ДА ОБЛЕЧЕ…

Фармерки, широка блуза и удобни чевли или патики.

 

Caci Pakovska | Marwell.mk Shoe Collection

 

ЗА ЛИЧНИТЕ ШОПИНГ ИСКУСТВА…

Има еден момент, кој еве не би го нарекла малер, но заради моето изострено око со кое од далеку забележувам криви штепови или фелер на облеките, е баш заради тоа, премногу бирање, на мене лично постојано ми се паѓаат такви. Мислам дека и да купам сладолед, мојот корнет ќе биде дупнат. Затоа секогаш отварам 4 очи. И да, еднаш од Италија си купив чевли, а кога се вратив дома забележав дека едната е број 37, а другата 35.

 

Caci Pakovska | Marwell.mk Shoe Collection

 

ЗА ОМИЛЕНИТЕ МЕСТА ВО И НАДВОР ОД ДРЖАВАТА…

Поминаа времињата на омилени кафичи или диска. Во моментов, омилено ми е да отидам на добар ручек или вечера со добро друштво. А едно од најомилените места во Милано, би било „10 Corso Como“, каде на едно место се собрани сите мои интереси, мода, дизајн, архитектура, уметност и гастрономија.

 

Caci Pakovska | Marwell.mk Shoe Collection

 

ЗА ОМИЛЕНОТО ПАРЧЕ ОБЛЕКА ВО МОМЕНТОВ…

Јас сум од оние што точно знаат што треба да поседуваат во својот плакар, така што никогаш импулсивно не купувам облека. Имам и голема среќа што многу често патувам за Италија, за да ја одберам најновата колекција за мојот бутик „Зап Милано“, па на тој начин ги бирам и работите кои вообичаено немам храброст да ги облечам. Го обожувам тоа чувство на разгледување, бирање, одлучување. Јас во облеките се вљубувам, и добро се грижам за нив, така што поседувам облеки и повеќе од 10, 15 години. Но бидејќи бирам едноставни кроеви, не ми изгледаат застарено. Не сакам трендовски облеки и многу шаренила. Омилено парче во моментов би била блузата во црно бели линии од „Зап Милано“, бидејќи линиите се мој заштитен знак во сè што работам.

 

Caci Pakovska | Marwell.mk Shoe Collection

 

INSTAGRAM ПРОФИЛИ КОИ ЈА ИНСПИРИРААТ…

@adesignersmind
@marthastewart
@interiorstockholm
@accessorysalad
@iconaccidental

 

Caci Pakovska | Marwell.mk Shoe Collection

 

ФОТОГРАФИЈА: ЈОВАНА ЗУКА
СТАЈЛИНГ: ЦАЦИ ПАКОВСКА