GLORIA’S BEAUTY ROUTINE

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ГЛОРИА МАПИЛЕЛЕ ТОДОРОВИЌ.

Глориа живее во Загреб и работи како менаџер за едукација за Clinique Adriatics и ПР за брендовите Clinique, GlamGlow и Smashbox. Ептен забавно, нели?

Глориа има… wait for it… 42 години! Кога ја запознав минатата година, ми стана апсолутно најголема инспирација во поглед на убавина… As-real-as-it-gets, пример за својата работа!

Бидејќи не можев да престанам да мислам на тоа колку би сакала да ја фотографирам и да ја испрашам за сè што презема во поглед на нега на кожа, едвај чекав да дојде повторно за да си ја остварам идејата. И, на мое најголемо задоволство на свет, во половина час направивме супер фотографии и Глориа ми раскажа сè што треба една модерна жена да знае за нега на својата кожа и сè што треба да преземe за да изгледа вака кога ќе навлезе во 40-тата…

Read away!

 

 

ЗА ОМИЛЕНИОТ ДЕЛ ОД РАБОТАТА…

Омилени делови од работата ми се едуцирањето, преку кое директно го пренесувам сето она што го имам научено, кога ќе почувствувам дека сум добила „wow“ ефект, и кога ќе инспирирам некого.

 

ЗА НЕЈЗИНАТА РУТИНА ЗА УБАВИНА…

Мојата секојдневна рутина за убавина содржи минимум 7-8 производи на Clinique, а понекогаш и повеќе. Да, звучи многу, но навистина секој производ и секој чекор во негата имаат своја улога.

Секое утро најпрвин правам темелно чистење и подготовка на кожата за понатамошна нега со помош на Clinique 3-Step системот, кој вклучува миење на лицето со сапунот Liquid Facial Soap Mild, по што следува ексфолијација со Clarifying Lotion и на крај враќање на идеалниот pH баланс на кожата со Dramatically Different Moisturizing Lotion+.

По овие три чекори следува целната нега, која во мојот случај е намалување и одложување на знаците на стареење како опуштеност на кожата, линии, брчки, хиперпигментација и темни флеки. За таа цел првин го користам Smart Custom-Repair серумот, по што следува новата Moisture Surge 72-Hours Auto-Replenishing Moisturizing гел крема за интензивна хидратација на база на алое вера и хијалуронска киселина. По ова следува Superdefense Moisturizing Cream SPF 20 кремата со заштитен фактор збогатена со антиоксиданти, и крема за нега на подрачјето околу очи Repairwear Laser Focus Eye Cream.

Доколку ми треба дополнителна хидратација или поправање на шминката во текот на денот, повторно ја користам Moisture Surge 72-Hours кремата која поради својата лесна текстура може да се натапка врз шминката или да се измеша со пудра и да се нанесе на лице. Ова го правам многу често бидејќи бројните обврски не ми дозволуваат да стигнам да го повторам целиот процес на шминкање од почеток, особено кога брзам некаде и морам да се појавам во што подобро издание.

Навечер, по симнувањето на шминката, следува истиот редослед на чистење и целна нега, со тоа што дневната крема со заштитен фактор ја заменувам со Smart Custom-Repair Night Cream која ѝ пружа сè што и треба на мојата кожа – хидратација, пополнување на линии и бори, лифтинг и цврстина.

Барем два пати во текот на неделата вклучувам и маски за лице. Кога немам многу време, омилена ми е Clinique Pep Start Bubble Mask која е многу забавна и која во 2 минути прави детокс и длабинско чистење на мојата кожа, а ги користам и фантастичните маски за лице на GlamGlow.

 

ЗА ТОА ДАЛИ МАСКИТЕ ЗА ЛИЦЕ НАВИСТИНА ПРАВАТ РАЗЛИКА ЗА ИЗГЛЕДОТ НА КОЖАТА…

Нема да верувате колку маските за лице можат да ѝ помогнат на кожата и да постигнат резултати кои се видливи веднаш. Тие се одлично надополнување на секојдневната нега и помагаат дополнително да ја убрзаме регенерацијата на кожата.

Омилени маски за лице во моментов ми се маските на GlamGlow. Пред нив, да бидам искрена, не користев маски многу често. Кога почнав да го работам тој бренд, моите другарки полудеа од среќа и ми збореа дека имам вистински дијамант во рака, бидејќи важат за едни од најдобрите маски во светот.

Сите маски на GlamGlow се на база на блато, кое и само по себе е лековито, и кога плус ќе му се додадат состојки за целна нега, се случува чудо. Ги обожавам сите нивни маски, но ако мора да одвојам само една тоа дефитивно би била YouthMud 10-минутната маска на база на зелен чај која е специјално направена за припрема за црвениот тепих. Во 10 минути буквално ја преобразува кожата и обожавам да ја користам кога се подготвувам за излегување. Моја следна, но не и помалку омилена маска е новата peel-off маска #GlitterMask GravityMud за лифтинг и цврстина. Не само што е феноменална, туку изгледа фантастично, како холографски приказ на ѕвездено небо. И за крај, ThirstyMud на база на кокос и маслинови лисја за интензивна хидратација затоа што имам сува накај мешана кожа. Ги обожавам и сите други 4 маски од линијата. Сите се фантастични.

 

ЗА НАЈВАЖНИОТ ЧЕКОР ВО КВАЛИТЕТНАТА РУТИНА ЗА УБАВИНА…

Секогаш и засекогаш, добро чистење и подготовка на кожата за понатамошна нега. Ова го нагласувам постојано, веќе 8 години професионално низ едукација, и приватно во разговори со другарки, машки, женски. Прво и златно правило за убава кожа е здрава кожа, а здрава кожа е онаа која се чисти темелно секој ден, 2 пати дневно. За ова правило се борам и ќе се борам и кога не би ја работела веќе оваа работа. Недоволно добро исчистена кожа се познава веднаш. Сувата кожа станува уште посува, а масната станува уште помасна, порите стануваат уште позачепени и се појавуваат акни. Темелното чистење на кожата им овозможува и на останатите производи за нега да продрат подлабоко во кожата и да си ја завршат подобро својата работа.

 

ЗА ПРОИЗВОДИТЕ ЗА НЕГА БЕЗ КОИ НЕ ОДИ НИКАДЕ…

Ха, ха, ха… без сите 7-8. Не можам да живеам без нив.

 


ЗА ТОА ДАЛИ ОДИ НА КОЗМЕТИЧАР И КОИ Ѝ СЕ ОМИЛЕНИТЕ ТРЕТМАНИ…

Секако, два пати годишно одам на козметичар, а единствената причина за тоа е темелно и длабинско чистење на кожата. Сè друго сама ѝ го пружам на мојата кожа преку секојдневната нега. Козметичарката кај која одам секогаш ми ја фали кожата која е во извонредна состобја со оглед на тоа што имам 42 години, а јас секогаш ѝ кажувам дека за тоа се заслужни генетиката, добрата секојдневна нега и ведриот дух.

 

ЗА ОМИЛEНАТА ШМИНКА И СО КОИ ПРОИЗВОДИ ГО ПОСТИГНУВА ИЗГЛЕДОТ…

Дневната шминка која моментално можам да ја претворам во ноќна без да го повторувам шминкањето. Освен пудра и коректор, обожавам бронзено-кафеави нијанси на сенки бидејќи им даваат свежина и топлина на моите очи. Сакам да ги нагласам трепките со маскара и веѓите со моливче или сенка за што поприроден изглед. Обожавам кармини во корални нијанси и веќе две години го користам Clinique Pop Matte карминот во најдобрата нијанса на сите времиња, Rose Pop, која визуелно ми ги избелува забите. За крај, додавам малку Chubby Stick Highlighter на јаболчниците и по должината на носот… и тоа е тоа. За вечерните часови, го зајакнувам изгледот со црн туш за очи.

 

ЗА НЕЈЗИНАТА ИКОНА НА УБАВИНА…

За мене, овој назив ѝ припаѓа на секоја жена и девојка на светот која има самодоверба, знае што сака и што сака да постигне. Жена која се грижи за себе, за својата кожа, исхрана, шминка, облека… за начинот на кој се движи и како зрачи. Таквата жена остава силен впечаток, ве инспирира, и можете да ја препознаете без разлика дали ја знаете лично или не, дали е позната или не. Таквите жени за мене се икони за убавина. А една од нив си и ти. Да, да…

 

ЗА ЧУВСТВОТО КОГА ЌЕ СЕ ЗАБЕЛЕЖАТ ПРВИТЕ ЗНАЦИ НА СТАРЕЕЊЕ И ЗА ТОА ВО КОЈ ANTI-AGING ПРОИЗВОД ТРЕБА ДА СЕ ИНВЕСТИРА, АКО МОРА ДА СЕ ОДБЕРЕ САМО ЕДЕН…

Тоа знае да биде навистина шокантно. Кај себеси го забележав кога наидов на фотографија од пред 10 години. Ја земав и отидов до огледало… и имав што да видам. Годините брзо поминуваат, се гледаме секојдневно и често не забележуваме дека кожата се менува.

Ако може да се инвестира во само еден производ, моја препорака е да се инвестира во добар и квалитетен серум, а кремата да биде секундарна, спрема можностите. Идеално, треба да се користат двете – кремите делуваат површински, а серумите длабински, таму каде што кремите не можат да продрат. Заедно се power couple!

Младата кожа која сè уште не покажува знаци на стареење, покрај темелното чистење, треба да се хидрира и да се одбрани со крема со заштитен фактор. Ако го нема во кремата, тогаш барем нека го има во пудрата, затоа што UVA/UVB зраците се „заслужни“ за првите знаци на стареење.

Кога ќе се појават првите линии кои не се поврзани со сувоста на кожата, треба да се почне со првите anti-aging креми богати со антиоксиданти.

Секако, не можеме да го запреме стареењето, но можеме да го успориме и одложиме.

 

 

ЗА „ВИТАМИН Ц ИЛИ РЕТИНОЛ“ ДИСКУСИЈАТА…

Предизвик за дискусија! Мојот одговор, како и мислењето на дерматолозите, е и двете. Витаминот Ц е најмоќниот антиоксидант на светот и со право го заслужува тој статус. Нема на што не делува… линии, брчки, цврстина, лифтинг, осветлување на темни флеки, дисколорација, површинско измазнување… сè!

Најголемиот страв кој доаѓа од минатото се реакциите на кожата предизвикани од витаминот Ц, специфично појавата на хипопигментација – кога темната флека станува бела (витилиго). Но, со напредокот на технологијата и пронаоѓањето на нови, подобри и побрзи состојки, Clinique успеа да произведе супер моќен витамин Ц кој е сигурен за сите типови на кожа. Морам да го пофалам Clinique Fresh Pressed Daily Booster With Pure Vitamin C производот со свеж (и најмоќен) витамин Ц кој се користи така што се нанесуваат 2 капки на кожата, два пати на ден, пред кремата или измешан во кремата. Се постигнуваат фантастични резултати.

Од друга страна, ретионолот/витаминот А делува на потпорната структура на кожата и на убрзувањето на процесот на создавање на нова кожа (обнова на клетките), кој драстично опаѓа во текот на стареењето. Се користи исклучиво навечер и не смее да се користи во текот на денот поради осетливоста на сончеви зраци.

Најбитно во ваквата совршена двојна нега е задолжително е да се користи SPF заштита.

 

ЗА НАЈГОЛЕМАТА ЗАБУНА МЕЃУ ЖЕНИТЕ – РЕДОСЛЕДОТ НА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ ЗА НЕГА…

Да ја решиме мистеријата. По чистењето на кожата, негата почнува со серумот, кој е дизајниран со мали молекули за да може да продре до најдлабоките слоеви на кожата. Од друга страна, кремите се дизајнирани со поголеми молекули за да можат да продрат до средните слоеви на кожата. Серумите делуваат од внатрешноста кон надвор, а кремите од површината кон внатрешноста.

Кога се работи за кремите околу очи, треба да се користи крема која е спефицично наменета за тој предел, формулирана со многу ситни молекули. Кремите за лице не се добри за исклучиво тенката, нежна и чувствителна кожа околу очите, која по својот состав е сосема различна од остатокот од кожата.

Значи, по чистењето за лицето, следува серум, па крема за лице, па крема за очи. Voilà!

А ако користите маска, нанесете ја по чистењето. Откако ќе ја извадите (ако се вади), продолжете со серумот, па кремата за лице, и на крај кремата за очи.

 

ЗА НАЈДОБРИОТ ПРОИЗВОД ЗА ПРОБЛЕМОТ СО ПОДОЧНИЦИ…

Има доста производи кои ги решаваат различните проблеми во пределот околу очите. За темни подочници, би ја препорачала Clinique Even Better Eyes Dark Circle Corrector, два пати на ден. Исто така, многу е добра и Clinique All About Eyes која хидрира, намалува отеченост и ги осветлува темните делови околу очите.

 

И… ЗА НАЈГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ ВО ПОГЛЕД НА НЕГА И УБАВИНА КОИ ГИ ЗАБЕЛЕЖУВА КАЈ ЖЕНИТЕ.

Има многу, но најчестата грешка е недоволно и површно чистење на кожата. Сите сакаат резултати преку ноќ, а не ја чистат својата кожа доволно. Сè уште се мисли дека миењето на лицето со вода е чистење и многу жени се водат според она „мојата баба/мајка никогаш ѝ нема правено ништо на кожата освен миење, и има прекрасна кожа денес“. Стоп. Да се вратиме наназад. Бабите/мајките имаат живеено во друго време, без стрес, со чист воздух, вода, храна без хормони и понежно сонце. Денес живееме во друга Земја, со друг начин на живот и кожата почнува да старее многу порано. Затоа, мораме на време да ѝ помогнеме. Речиси сè можеме да смениме, бојата на коса, очите, забите, носот, но најголемиот орган, кожата, ни е само една и заслужува да ја негуваме најдобро што можеме.