JZ x City Fashion Woman

Имам една добра модна вест и една уште подобра модна вест.

Добрата вест е дека оваа среда во Skopje City Mall ќе се отвори City Fashion Woman… прекрасна нова продавница за облека и модни додатоци.

Уште подобрата модна вест е дека во продавницата ќе бидат достапни брендови како Michael Kors, Furla, Karl Lagerfeld, Emporio Armani, Armani Еxchange, Joop, Fracomina и Versace Jeans!

Изминатиов викенд имав можност да ја проверам селекцијата [фантазија!] и да склопам два изгледи за инспирација за есен 2018. Еве како помина тоа…

Jovana Zuka x City Fashion Woman Skopje

Jovana Zuka x City Fashion Woman Skopje

Jovana Zuka x City Fashion Woman Skopje

Jovana Zuka x City Fashion Woman Skopje

Jovana Zuka x City Fashion Woman Skopje

Jovana Zuka x City Fashion Woman Skopje

Апсолутно морав да почнам со безвременски и секогаш современи парчиња кои се релевантни за секоја сезона. Удобните кожени панталони и навидум едноставната кошула на Fracomina, која добива сосема нова димензија кога ќе се забележи од задната страна, се дополнети со Whitney ташната и Blaine чизмите од колекцијата Michael Michael Kors.

И апсолутно морав да продолжам со бел капут од колекцијата Michael Michael Kors кој е толку добар сам по себе, што може да му се додаде било што, да се намести било како, и пак да изгледа ноншалантно, а сосема шик. Дополнет со веќе култната Metropolis ташничка на Furla и со Cosmo патиките, кои се исто така на Michael Kors, ова е изглед кој би го носела секој ден.

Jovana Zuka x City Fashion Woman Skopje

Jovana Zuka x City Fashion Woman Skopje

Jovana Zuka x City Fashion Woman Skopje

Jovana Zuka x City Fashion Woman Skopje

Jovana Zuka x City Fashion Woman Skopje

Jovana Zuka x City Fashion Woman Skopje

 

Ви посакувам среќен [моден] празник и уште посреќно инвестирање во фантастична облека!


ВО СОРАБОТКА СО CITY FASHION WOMAN
ФОТОГРАФИИ // АНДРЕЈ МИЦАЈКОВ & ЈОВАНА ЗУКА