MICHAEL KORS WITH MY:TIME I

Кога се во прашање суптилните, но неверојатно впечатливи, минималистичките, a комплетно маркантни, функционалните, а истовремено совршено дизајнирани часовници и парчиња накит на MICHAEL KORS, мојот став е YES OF KORS.

After Two Five x Michael Kors x My:Time

After Two Five x Michael Kors x My:Time

Не постојат погламурозни и пософистицирани модни додатоци од часовниците, кои работат 24/7 и подеднакво добро им стојат на сите. Не постојат други носливи направи кои мерат време, а се безвременски. И дефинитивно не постојат попрефинети модни компоненти.

И кога овие модни компоненти се совршено дизајнирани, секое дополнително парче само ја истакнува нивната неприкосновена убавина.

Ако некогаш сте виделе предобар часовник или гламурозно парче накит со совршени златни, сребрени или розево-златни детали на некого, и сте помислиле „wow“, многу е веројатно дека било на MICHAEL KORS.

Зборувам од искуство. 🙂

After Two Five x Michael Kors x My:Time

After Two Five x Michael Kors x My:Time

After Two Five x Michael Kors x My:Time

After Two Five x Michael Kors x My:Time

After Two Five x Michael Kors x My:Time

Па така, кога MY:TIME изразија желба да направиме приказна со MICHAEL KORS парчиња, јас изразив желба за 95% од сè што имаат низ продавниците. И не можев да престанам да ги комбинирам парчињата едно со друго, бидејќи сè заедно има уште повеќе смисла од сè посебно.

Два часовници еден до друг? ДА. Два часовници + алка? Повторно ДА. Два часовници, две алки, прстен и обетки? ДА, и се изгледа предобро заедно.

After Two Five x Michael Kors x My:Time

After Two Five x Michael Kors x My:Time

РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ ДЕТАЛНО СИТЕ ОВИЕ СОВРШЕНИ ПАРЧИЊА НА СЛЕДНИТЕ ЛИНКОВИ:

MICHAEL KORS GARNER ЧАСОВНИК 
MICHAEL KORS KEMPTON ЧАСОВНИК 
MICHAEL KORS АЛКА
MICHAEL KORS АЛКА
MICHAEL KORS ОБЕТКИ
MICHAEL KORS ПРСТЕН

ЛОКАЦИЈА: SKOPJE MARRIOTT HOTEL | ФОТОГРАФИЈА: АНДРЕЈ МИЦАЈКОВ

П.С. За крај, слушнете ја филозофијата на MICHAEL KORS гламурот во подкастот на мојата омилена Garance Doré, тука.

TO BE CONTINUED…