NAILING IT

Сум кажала многупати и ќе кажам пак: ако сѐ уште не купувате парчиња во машкиот дел на ZARA, дефинитивно треба да почнете. Покрај тоа што имаат супер селекција на облека и модни додатоци кои подеднакво добро им стојат и на жени (тестирајте!), изборот за купување прилично многу ќе ви се прошири.

Капава ја купив баш таму, пред месец-два, на поминување и од тој момент постојано ја носам, прво затоа што немам време (а ни волја) да ја средувам косата секој ден, второ затоа што единствената шминка која ја користам на дневна база е коректор и трето, затоа што прави да се чувствувам уредно и покрај првите две причини. Дополнително, штити од сонце и од околината која не сакате да ја гледате/да ве гледа. 🙂

Друга работа, поточно три, кои се постојано на мојот репертоар во последно време се овие обетки од Parfois во облик на извиткана шајка (и ќе ги носам сѐ додека не успеам да си купам една Juste un Clou бразлетна на Cartier), бидејќи ми се допаѓа кога груб, обичен, секојдневен предмет ќе се претвори во добар накит. И за крај, џемперов во боја на камила (хаха!) од Stradivarius е многу достапно, а шик парче кое дефинитивно вреди да се „убие“ од носење.

Parfois Earrings | Zara Hat | Stradivarius Sweater

Parfois Earrings | Zara Hat | Stradivarius Sweater

Parfois Earrings | Zara Hat | Stradivarius Sweater