Мал милион обврски, што попрво, главата не знам кај ми е, и слични идиоми за зафатеност. Во место во кое најинтензивно се работи во септември, октомври и ноември, потребата од едноставни парчиња облека кои овозможуваат да се изгледа средено во 5 минути и неопходноста на ташни доволно големи за да го соберат цел живот во нив, е сериозна. Овие два изгледи, создадени во соработка со City Fashion Woman, се инспирирани токму од проблемот со недостаток на време, кој го имаме апсолутно сите.

Еден добар начин да се добие половина час плус во денот е да се сведе времето поминато во облекување на минимум, со основни, а префинети парчиња облека. И црно. Црно засекогаш. Пример, овој плетен растеглив фустан од Armani Exchange со ракави од плиш и структурираната ташна од FURLA создаваат фина силуета, а за дополнителна драматичност, додадете црни чизми над колена.

Втор добар начин е да се слуша Lana Del Rey. Blue jeans од JOOP, white shirt од Armani Exchange. И секако, на есен никаде без кожна јакна како оваа од JOOP. Сѐ останато оди во рок-шик ташната на Karl Largerfeld.

Сите парчиња се достапни во City Fashion Woman во Skopje City Mall.

ФОТОГРАФИИ // АНДРЕЈ МИЦАЈКОВ