REPLAY STORE OPENING SKOPJE

 

И конечно имаме прејака моно-бренд Replay продавница во Скопје во City Mall!

Официјалното отворање беше одбележано со добри коктели, танцов перформанс и мини ревија составена од 8 изгледи со фраерските парчиња достапни во продавницата. Со оглед на тоа што јас имав задача да го изработам стајлингот, имав можност да ги малтретирам прекрасните асистенти за продажба и детално да го проверам секое парче облека. Последица: сега сакам сѐ. Вклучувајќи ги и машките парчиња.

Низ 8-те изгледи, сакав да покажам дека можностите за комбинирање на сите тие добро познати парчиња облека, се безбројни. Ременот од ташна може да изгледа исто толку добро и како ланец на панталони, машката ленена кошула стои супер секси и на женски, папучите дефинитивно функционираат со кожена јакна, кошулата може да биде и ремен, двостраните бомбер јакни се ултра практични, две тексас палта може да се спојат во едно со сосема нова форма, голема војничка јакна може да се носи и како фустан, и кошулите со патенти наместо копчиња комплетно го редефинираат класичното парче облека.

И секако, ова тука е само мал дел од тоа што можете да очекувате од колекцијата. За сѐ останато, правец во продавницата!

 
 
Replay Store Opening Skopje
 
Replay Store Opening Skopje
 
Replay Store Opening Skopje
 
Replay Store Opening Skopje
 
Replay Store Opening Skopje
 
Replay Store Opening Skopje
 
Replay Store Opening Skopje
 
Replay Store Opening Skopje
 

МОДЕЛИ // MODELS IN
ОБЛЕКА // REPLAY MACEDONIA
СТАЈЛИНГ // ЈОВАНА ЗУКА
ШМИНКА // ВАСЕ ДОКОВСКИ VD MAKE UP